Повеќе од 500 пожарникари учествуваа во напорите за да се локализираат страшните шумски пожари кои уништиле околу триесет куќи во Источна Австралија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 ноември, 2019 3:50

ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВИ ЈА РАЗНЕЖИ ДУШАТА: Во пожарите пронајде повредена коала, а потоа и го спаси животот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од катастрофалните пожари кои ја зафатија Австралија пристигна едно емотивно видео кое ќе ви го разнежи срцето. Се работи за средба помеѓу повредена коала и човек кој ќе ја врати во живот.

Повеќе од 500 пожарникари учествуваа во напорите за да се локализираат страшните шумски пожари кои уништиле околу триесет куќи во Источна Австралија.

Во австралиската држава Нов Јужен Велс, беа активни повеќе од 40 шумски пожари. 

Повеќе од 100.000 хектари земја биле запалени, а меѓу најзагрозените села е Рапвил, во кој живеат околу 250 илјади луѓе.

Заменик комесарот на противпожарните служби за рурални области во Нов Јужен Велес, Роб Роџерс, изјавил дека неколку луѓе биле префрлени поради изгореници од поголем степен и потешкотии со дишењето. Вкупниот број на повредени лица не е познат, а колкава е материјалната штета треба допрва да се утврди.

Погледнете ја емотивната средба помеѓу коалата и човекот кој и го спаси животот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.