Српскиот претседател Александар Вучиќ, пред два дена беше примен на Воеаната медицинска академија во Белград, поради кардиоваскуларни проблеми.
Министерот за здравство Златко Лончар денеска истакна дека лекарите го спасиле животот на претседателот на Србија.
„Претседателот има хронични проблеми со срцето. Веднаш по приемот е оценето дека животот на Вучиќ е загрозен. Во ВМА ги превземаа сите мерки за санирање на сериозната ситуација, а Вучиќ добро изреагирал на терапијата“, рече Лончар.
Вчера се огласи и претседателот Вучиќ кој им се заблагодари на сите кои се грижат, и истакна дека од понеделник продолжува со редовните работни активности.
Српскиот претседател завчера беше примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.
Здравствената состојба на претседателот Вучиќ е стабилна, но поради препорака на лекарите тој и понатаму се наоѓа на Воено-медицинската академија во Белград. Денеска се чувствува многу подобро, изјави вчера новинарот Вучичевиќ за Пинк.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.