Претседателот на Албанија за само неколку дена пак со вето на закон

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 13:20

Албанскиот претседател Мета го “бојкотира” премиерот Рама

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот претседател Илир Мета само неколку дена откако го врати непотпишан законот за “Националниот театар” свој потпис не стави на уште еден закон.

Во образоложението на аргументите зошто не го потпишува законот – меѓу другото стои дека измените на Законот за данок на добивка значително го фаворизираат бизнисот со игрите на среќа и оти ни најмалку не се зема предвид јавниот интерес и негативните ефекти врз албанските граѓани.

“Институцијата Претседател на Републиката – проценува дека примената на фискалните олеснувања во областа на бизнисот со игри на среќа не се темелно проценети од страна на Владата и Парламентот наспроти социјалните драми и семејни конфликти кои континуирано се случуваат поради учество во игри на среќа.” – стои меѓу другото во образложението за тоа зошто Мета не го потпишал законот.

Во Албанија кога претседателот Илир Мета [лево] смета дека законите донесени од власта на премиерот Еди Рама не се по Устав е нормално да стави вето – во Македонија не!?

Албанскиот претседател на 27 овој месец не го потпиша законот за уривање на Националнито театар со образоложение дека законот ги крши начелата на “еднаквост пред законот” и “слободата на економското делување на граѓаните” – начела кои како што нагласува – уживаат посебна заштита од Уставот.

“Законот не е во хармонија со основните уставни начела на националниот идентитет и националното наследство – врз кои граѓаните на Република Албанија одлучија да ја изградат и развиваат својата држава. Исто така не е во согласност со европската конвенција за нематеријалното културно наследство – како ни со начелата и стандрадите на постојната легислатива на Албанија” – стои во образложението за тетарот.

Мета тогаш посочи дека во време кога не функционира Уставниот суд за да ја испита уставноста на законот Парламентот треба детално да го преразгледа законот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.