Драги мои, ви посакувам на сите да го почувствувате моментот на среќа и сознание дека вашите деца полека ама сигурно стануваат поумни од вас.

Објавил: admin@magazin | 27 ноември, 2019 22:25

ЈАНИ БОЈАЏИ ПРЕСРЕЌЕН ТАТКО : Мојата ќерка магистрира во Британија – СЕ ВРАЌА ДОМА ВО ТАТКОВИНАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашата ќерка Васка денеска магистрира со distinction and award на универзитетот во Единбург. Таа беше стипендист на владата на Велика Британија и учеше на Факултетот за општествени и политички науки и студираше детски права, пишува на социјалните мрежи гордиот татко, режисер и новиот директор на Алфа, Јани Бојаџи.

Таа планира наскоро да се врати дома и во татковината да го пренесе знаењето што го стекна во 18 рангираниот универзитет на светот. Драги мои, ви посакувам на сите да го почувствувате моментот на среќа и сознание дека вашите деца полека ама сигурно стануваат поумни од вас.

Драги мои, ви посакувам на сите да го почувствувате моментот на среќа и сознание дека вашите деца полека ама сигурно стануваат поумни од вас.

Неодамна на Васко Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор, соопшти сопственикот на телевизијата АЛФА СКОП ДОО кој за нов управител на телевизијата го постави режисерот и продуцент Јани Бојаџи.

„Менаџментот донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата“, стои во нивното соопштение.

Режисерот Јани Бојаџи минатата година доби покана за на Суд во врска со забраната за прикажување на неговиот филм „Ругање со Христос“.

Тој ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.