Националниот координатор за НАТО по историчар стана и географ

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 12:00

Пендаровски: “Да се помириме – ние сме само дел од географска Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вели дека по “трите историски одлуки” кои преставувале “ДНК на современа Македонија” на ред е уште една Одлука секако мислејќи на претстојниот Референдум за промена на името со која треба да го заокружи меѓународен легитимитет.

“Со Прохор Пчински во 1944 и референдумот за независност во 1991 година – Македонците за првпат во својата историја формираа своја држава.” вели Пендаровски и додава:

“Со Рамковниот договор во 2001-ва година државата го призна ноторниот факт дека не е држава само на Македонците а на претстојниот референдум за договорот за името и влезот во НАТО и ЕУ – Македонија треба дефинитивно да се позиционира како дел од западната цивилизација и преку прифаќање на фактот дека се протега на еден дел од географска Македонија – де факто – да постигне историско помирување со своите соседи по поделбата во 1913 година.”

Пендаровски во последно време имаше изјави од аспект на историчар па сега е и географ иако недореченост е за кое историско помирување по поделбата од 1913 година говори и каде е Македонија во тој период и зошто?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.