Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на Македонија во Алијансата на 22 октомври годинава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 9:40

Помпео : САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државниот секретар на САД Мајк Помпео на својто Твитер профил напиша дека тие го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

-Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО – објави државниот секретар Мајк Помпео.

Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија“,

За потсетување Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на Македонија во Алијансата на 22 октомври годинава. Годинава и тоа за само десет месеци протоколот за пристапување во НАТО беше ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.

Последно Франција беше таа која го ратификуваше договорот за пристапување на Македонија во НАТО,  по што остнаува уште Шпанија да го стори истото.

Шпанија треба да формира прво влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември.

Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Вчера во пресрет на Самитот на НАТО кој ќе се одржи во Лондон Македонското знаме беше кренато на јарбол заедно со останатите 29 знамиња на земјите кои веќе се членки во НАТО.

По ова се огласи вице премиерката Радмила Шеќеринска која вели дека е горда на успехот.

Гордост! Знамето на нашата татковина кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на Самитот на НАТО. Заедно со останатите 29 членки. Вредеше!, напиша министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести