Темелите на македонската држава се впишани во решенијата од Првото заседание на АСНОМ.

Објавил: Перо Милчин | 10 декември, 2019 23:41

Професорката Котлар жестоко го опомена АЛЧНИОТ Османи: Македонија институционално е нападната

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија се документите, за кои вицепремиерот Бујар Османи е премногу сигурен дека нема никакви шанси да се сменат.

Неговата верзија е дека се однесуваат на тоа, да се зголемат капацитетите со цел двојазичноста да не создава никакви проблеми во заедничкото општество. Османи изјави дека секој различно ги интерпретира препораките на Венецијанската комисија. 

Професорката Наташа Котлар од Институт за национална историја, жестоко му одговори на вицепремиерот Османи по денешната изјава дека нема шанси да се сменат Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија.

Таа вели дека темелите на македонската држава се впишани во решенијата од Првото заседание на АСНОМ.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во денешната изјава за медиумите изјави дека ќе ги почитуваат одлуките на Венецијанската комисија, но вели и натаму останува на ставот дека законското решение е добро и не смее да се менува.

Да му одговорам на Бујар Османи, кој денес, бескрупулозно изјави дека:

„трите документи кои се основа на државноста, а тоа се Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазици, се документи кои се иревирзебилни и кои нема да бидат предмет на никакви промени и измени, ниту еднонасочни, ниту какви било промени“.

Ова е мистификација, не е точно! Ќе одам по ред!

Темелите на македонската држава се впишани во решенијата од Првото заседание на АСНОМ. Тие влегуваат во македонската историја како позитивен и препознатлив национален настан, бидејќи искажуваат содржина од суштински карактер.

Деведесетте делегати на првото заседание на АСНОМ од 2-ри август 1944 година, избрани од сите краеви на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности, усвоиле 9 историски одлуки, од кои повеќето се со државотворно значење за Македонија (Решението за утврдувањето на АСНОМ како највисок орган на државната власт на Македонија;

Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во Македонија;

Решението за прогласување на 2 август за државен празник (национален празник) на Македонија и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија). Актуелната (октроирана) власт нелегитимно и нелегално ги потпиша Договорот за (не)добрососедство, Преспанската спогодба и Законот за јазиците заради противправно менување на уставното име на македонската држава.

Република Македонија институционално е нападната, на нејзината територија има власт која се представува од името на државата „Република Северна Македонија“.

Таа ја погази и граѓанската волја за не промена на ИМЕТО, беа донесени (не)уставни амандмани, доживеавме кршење на човековите права, видовме политичка и лична дрскост. Затоа, секоја наредна Влада која ќе ги има во предвид македонските инереси, ќе има и правна можност да ги ПОНИШТИ 3-те спомнати договори!

Професор Наташа Котлар од Институт за национална историја.

Инаку, Котлар е еден од ретките наши историчари која последниве месеци не молчи во врска со случувањата на овој план во РМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести