По ова, Зекири го прозва Османи на социјалните мрежи дека го молел „Груевски да го прими на работа на Клиника кога бил избркан од Министерството за здравство“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 декември, 2019 10:59

Не престануваат “препукувањата”: Зекири удри по Османи- ти го молеше Груевски да те вработи кога те избркаа од МЗ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Препукувањата помеѓу Зекири и Османи не престануваат, тие на „Фејсбук“ доцна синоќа започнаа расправа која почна кога коментирајќи го потпишувањето на спогодбата на македонската и српската влада за отворање на заедничкиот граничен премин Лојане-Миратовец, Зекири напиша дека и граничниот премин Белановце-Станчич досега ќе бил отворен „да не бешекако што вели заменик премиерот задолжен за сликање Бујар Османи“.

Овој „чесен Албанец“ повторно зборуваше. Без нишка на срам што тој го блокира целиот овој проект со месеци,  одговори Османи.

Зекири до Османи: О, беден патриот, кој го молеше Груевски да го вработи кога го избркаа од МЗ?

По реакцијата на Османи која очигледно го погодила Зекири тој му возврати дека всушност сегашниот вицепремиер бил оној кој го молел поранепниот премиер Никола Груевски да му даде решение за работа во министерството за здравство.

О беден патриот, кој го молеше Груевски да му даде решение за работа во клиника, кога твојата партија те избрка од Министерството за здраство, мислиш дека народот пие нафта и не знае кој си и што си направил ти за Албанците. Дали ги помниш твоите ставови за Монструм? Дали забораваш дека си осомничен во случајот „Пациент“ на СЈО? Дали заборави што им има направено на Албанците твојата партија, кога беше на власт со ВМРО-ДПМЕ? Ако ти си заборавил, народот не ги заборава твоите дела и на вашата партија!!! Во 2016 година поминавте лошо, народот ви прати порака, од 20 на 10 пратеници завршивте. Сега во 2020 од 10 на колку ќе завршите?!!, напиша функционерот на СДСМ.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.