Имено Трамп во писмото од шест страници и порачува на Пелоси дека „историјата остро ќе и суди“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 10:47

Трамп пред импичмент- денеска претставничкиот дом ќе гласа за двете обвинувања против него

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, објави дека денеска домот ќе гласа за импичмент, се огласи и претседателот Доналд Трамп. Тој ја обвини за „обид за пуч“ и за „поткопување на американската демократија“.

Имено Трамп во писмото од шест страници и порачува на Пелоси дека „историјата остро ќе и суди“.

Доналд Трамп на претседателската функција додје на 8 ми ноември 2016 година. 

Денеска се очекува претставничкиот дом да расправа, а потоа и да гласа за двете обвинувања против Трамп. Имено Трамп го следи скандал дека ја злоупотребил функцијата и дека ја попречувал истрагата во врска со тоа дали побарал од Украина да покрене постапка против него.

Инаку вчера Вилијам Вебстер, поранешен федерален судија и директор на ФБИ и на ЦИА напиша дека Трамп ја доведе АМЕРИКА ВО ОПАСНОСТ.

Доналд Џон Трамп е 45. претседател на САД кој на оваа функција дојде откако победи на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум, и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. На полни 70 години, Трамп стана најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи ги Роналд Реган и Џорџ Вашингтон. Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести