Претседателот на Србија веќе не е оптимист дека ќе има решение за Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 9:35

Војници на КФОР од САД на северот на Косово – ќе следат ли немири?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како да се заштитат српските интереси и народ во Косово и детален преглед на актуелната безбедносна ситуација беа главните теми на итната седница на Советот за национална безбедност на Србија која синоќа се одржа на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Донесени се повеќе важни мерки – одлуки и предлози за Владата и за силите за безбедност со цел зајакнување на борбената готовност и подготвеност за сите идни предизвици – истакна Вучиќ пред новинарите – нагласувајќи дека некои одлуки не се за јавноста.

“Ние подбро ќе се подготвуваме – ќе одговараме посериозно и ќе го чуваме мирот и стабилноста и со нас нема да се шегува целиот свет заради тоа што некој не ги исполнил своите обврски од Бриселскиот договор. Ние ќе  настојуваме да се засили преговарачка позиција на Србија.” – изјави Вучиќ.

Според него во изминатите денови е забележано “агентурно дејствување од разни центри на моќ” отфрлајќи ги наводите за договорен инцидент меѓу Белград и Приштина. Во однос на ова прашање – Вучиќ рече:

“Станува збор за различни странски служби и нашите агенции се занимаваат со оваа работа. Странските служби се мешале и во политичката и во медиумската сфера доведувајќи ја Србија во положба што сега мора да одговара на трачеви а не за неспроведувањето на единствената обврска на Приштина – формирањето на Заедницата на српски општини.” – изјави Вучиќ.

Вучиќ не е веќе оптимис кога станува збор за компромисно решение за Косово и како што рече тоа не е ни на повидок. Инаку денеска е мирна ситуацијата на езерото и хидроелектраната “Газивода” во Косово но во околината српските медиуми забележале зголемено присуство на припадниците на КФОР.

Според новинарите во текот на денот имало девет возила на американскиот контигент а четири од нив стоеле пред влезот на хидроелектрана. Војниците за РТС изјавиле дека станува збор за вежба. Претходно пак приштинските медиуми објавија дека Србите од северот на Косово денеска ќе прогласат автономија – додека белградските медиуми пишуваат дека Албанците ќе се обидат да ја заземат хидроцентралата “Газивода”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.