На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2023 18:07

Утре е Бадник- за многу години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во петок верниците од православната христијанска вероисповед го слават Бадник, а утре го чествуваат Божиќ, еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос.

На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството.

На овој ден верниците вечераат заедно на Бадниковата трпеза, а домаќинката меси лепше со паричка. Според старите обичаи на трпезата треба да има непарен број јадења. Бидејќи празникот паѓа за време на божиќните посни, задолжително Бадниковата трпеза е посна.

Верниците од православната христијанска вероисповед денес го слават Бадник, а утре го чествуваат Божиќ, еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос.

Прво што треба да има на трпезата е лепчето со паричка, се верува оној кој ќе му падне паричката ќе има среќа и бериќет цела година.

На трпезата треба да има суви пиперки со грав/сарма со зелка. На трпезата задолжително треба да се постават јаболка, ореви, мушмули, портокали, мандарини, суви смокви, урми, а се верува колку побогата трпеза толку повеќе среќа во домот. Порано  на Бадник оревите кои биле поставени на трпезата се кршеле и делеле за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Киселата зелка се препорачувада биденатрпезата за овој голем ден. Таа ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

На бадниковата трпеза задолжително треба да има нешто благо. Бидејќи е посно, многумина се решаваат слатките да ги заменат со тиква, печена или варена за да е благ животот на семејството во текот на следната година. 

Не може да се изостави и лукот, тој има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

На трпезата задолжително поставете сол, бидејќи понародните обичаи се верува дека куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...