Овој гасовод во изминатите години беше масивно проширен. Од стариот гасовод настана Турски тек: два нови крака треба да обезбедуваат до 15,75 милијарди кубни метри гас за енергетски гладната земја, а капацитетот треба да биде надграден до 31,5 милјарди кубни метри

Објавил: admin@magazin | 8 јануари, 2020 15:04

ПУТИН И ВУЧИЌ ВО ИСТАНБУЛ: Турски тек ќе му носи на Газпром 500 милиони долари годишно

Фото/Текст извор: ©dw.com

Со свеченост шефовите на турската и руската држава, Ердоган и Путин, го предаваат во употреба гасоводот Туски тек. Тоа е голем чекор кон меѓусебно зближување на двете држави. Но, зад кулисите не е сѐ толку хармонично.

Турската економија, исто како и населението, бележат рапиден раст, а со тоа се зголемува и побарувачката по ресурси, како гас. Турција гасот главно го набавува од Русија, преку гасоводот Син тек, кој поминува преку Црно Море.

Овој гасовод во изминатите години беше масивно проширен. Од стариот гасовод настана Турски тек: два нови крака треба да обезбедуваат до 15,75 милијарди кубни метри гас за енергетски гладната земја, а капацитетот треба да биде надграден до 31,5 милјарди кубни метри.

Во Турција денес свечено се отвора делницата на гасоводот Турски тек, по кој од руската станица Анапе до турското место Кијиќој ќе оди по цевки под Црното море. Гасот веќе тргнал за Бугарија.

Денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на свеченост во Истанбул ќе го предадат во употреба новиот гасовод. Голем дел од лиферуваните количества се предвидени за турскиот пазар, а втор крак, кој уште е во изградба, треба во иднина да снабдува со гас и земји од ЕУ.
На Турција ѝ е важно да ја искористи и својата положба меѓу Истокот и Западот и да се служи како важен енерегетски јазол. „Со пуштањето во употреба на Турски тек, турските гасоводи со своите притоки од Север и Исток ќе станат важни за меѓународните пазари“, изјави турскиот министер за енергетика Фаит Донмез. Државен службеник од турското Министерство за енергетика за Дојче веле потврди дека на средбата важна улога ќе игра соработката со европските земји.

Оската Москва-Анкара добива форма
Билатералното партнерство меѓу Москва и Анкара станува сѐ потесно. Западот со недоверба го посматра зближувањето меѓу противникот на НАТО, Русија, со НАТО-членката Турција. Двете регионални сили со зголемена самодоверба ги влечат конците во соседскиот регион. Оттаму, не е зачудувачки средбата во Истанбул да е посветена на многу повеќе отколку на трговијата со гас. Според искази од службеници во турските министерства за надворешни работи и енергетика, на агендата се уште многу теми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.