Според коментарите на социјалните мрежи ова е најсилното невреме во Дубаи во последните 10 години.

Објавил: admin@magazin | 11 јануари, 2020 17:52

НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ ВО ДУБАИ: Откажани летови, хаос на улиците поради силни дождови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големо невреме со силни дождови и поплави го зафати Дубаи, а поплавени се пистите како и делови од терминалите во аеродромот.

Невремето кое беше проследено со дождови во Дубаи предизвика големи поплави, поради што еден од најфреквентните светски аеродроми „Дубаи Интернешнл“ бил принуден да ги откаже сите летови.

Во Дубаи поплавени се улиците, блокирани патишта и гужва во сообраќајот.

Според коментарите на социјалните мрежи ова е најсилното невреме во Дубаи во последните 10 години.

Аеродромот бил трет најфреквентен аеродром во светот со 83,6 милиони патници во 2016 година. Аеродромот е, исто така, најпрометниот аеродром во светот со меѓународен патнички сообраќај.

Меѓународниот аеродром во Дубаи, служи на Дубаи и другите емиратства во земјата. Аеродромот бил трет најфреквентен аеродром во светот со 83,6 милиони патници во 2016 година. Аеродромот е, исто така, најпрометниот аеродром во светот со меѓународен патнички сообраќај. 

Покрај тоа што е важен центар за превоз на патници, аеродромот е 7-от карго-аеродром во светот, ракувајќи со 2,37 милиони тони товар во 2014 годинa. Емирејтс е национална авиокомпанија на Дубаи. Од 2014 година, таа работи на меѓународно ниво и имала 142 дестинации во над 70 земји на шест континенти.
Развојот на Меѓународниот аеродром „ел-Мактум“ бил објавен во 2004 година.

Првата фаза од аеродромот имала за цел да се сместат пет милиони патници годишно. Кога ќе биде завршен, аеродромот треба да биде најголемиот аеродром во светот со пет писти, четири терминални згради и капацитет за 160 милиони патници и 12 милиони тони товар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...