Страшна сообраќајна несреќа вчера ги потресе жителите на Скопје.
Четири лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Козле.
Од полицијата информираат дека на крстосницата од ул.„Mилан Марковиќ“ и ул.„Ловќенска“ се случила сообраќајка помеѓу „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д.М.(21) од Тетово и „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(41) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
МВР исто така информираше дека во изминатото деноноќие се случиле уште 13 сообраќајки.
Вкупно 13 сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа на територијата на Град Скопје. Во 11 од нив е предизвикана само материјална штета, а во две се лесно повредени пет лица, соопшти СВР.
Две возила се исклучени од сообраќај зашто не биле регистрирани, а исклучени се и двајца возачи кои управувале со возилата иако сé уште немаат право на тоа.
Според СВР, во текот на деноноќието со пајак се подигнати 54 возила поради непрописно паркирање.
Од преземените мерки кон пешаци, три се за поминување на црвено светло, а девет за минување улица вон пешачки премин.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.