Средбата, според владината прес-служба, била на покана од вселенскиот патријарх што Заев ја добил додека бил премиер, па од тука и вчера се поставуваше прашањето, зошто е таму Заев, кога на 3 јануари оваа година си поднесе оставка и повеќе не е премиер. Тој во моментов е претседател на СДСМ, а по логика на нештата неговото присуство во Цариградската патријаршија е непотретно и помалку нелогично.

Објавил: Весна Петровска | 14 јануари, 2020 12:19

(ВИДЕО) Дали му ги носел 100-те илјади евра: Еве како Заев му нудеше мито на Вартоломеј

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, вчера во Истанбул во седиштето на Цариградската патријаршија се сретна со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, пишува Курир. мк

За потсетување, истиот оној патријарх кого Заев сакаше да го поткупи со мито од 100.000 евра.

Средбата, според владината прес-служба, била на покана од вселенскиот патријарх што Заев ја добил додека бил премиер, па од тука и вчера се поставуваше прашањето, зошто е таму Заев, кога на 3 јануари оваа година си поднесе оставка и повеќе не е премиер. Тој во моментов е претседател на СДСМ, а по логика на нештата неговото присуство во Цариградската патријаршија е непотретно и помалку нелогично.

И од ВМРО-ДПМНЕ вчера со реакција.

„Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес. Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул? Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев. Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев? Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација, истакна Наум Стоилковски, портпарол на партијата и побара Владата да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул.

-Заев и Спасовски истовремено мора да одговорат, дали за време на посетата Зоран Заев ја повторил својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лажниот Порошенко по телефон. За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плaти на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш! Прашањето на коешто сега Заев и Спасовки мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение аудио снимката од телефонски разговор во која Заев мисли дека разговара со пopaнeшниот претседател на Украина Петро Порошенко, во кој Заев договара мито за Вартоломеј.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести