Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе биде гостин во едно од најгледаните македонси тв шоуа,„Еден на еден“.
Надвор од политиката, во опуштена атмосфера, Мицкоски насмеан и расположен пред јавноста открива детали кои до сега никој не ги слушнал.
Мицкоски зборува за приватниот живот и бракот со сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Отворено и одблизу со политичарот, лидерот, професорот, сопругот, родителот, граѓанинот…
Доколку сакате да го видите Мицкоски во едно поинакво светло, следете го Еден на Еден, во недела, на 19-ти јануари во 18:30 на ТВ „Канал 5“ со Жаре Димитровски.
Погледнете колку Мицкоски има познавање од музика , кој ќе победи во фудбалче и открива дека има чувство кој ќе победи на изборите во април. Тој додека погодува песни рече дека на изборите ќе биде „We will rock You“
Мицкоски чита и злобни твитови за себе: Мицкоски под итно да пушти сериозна брада, а не математички пресметана.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.