вторник, 7 мај 2024

MK/ EN/ DE



Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 10:15

„Ла верита“: Зоран Заев плаќал по 10 евра за гласови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера објави скандал насловен “Купопродажба на гласови во Македонија” денеска Ла Верита, во продолжението од новинарот Ларис Гајсер објави ново видео од истражување кое се однесува на македонскиот правосуден систем.

Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

Обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови. Социјалистите посебно ги таргетирале Ромите: кој ги следел наредбите, добивал за возврат пари или градежен материјал

Анализираните документи опишуваат сценарио во кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега. Една од двете менувачници, „Даскал“, е во сопственост на Марјан Даскаловски, кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ. Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни матетријали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура.

Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец-Струмица, Зоран Георгиев. Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите. Во Македонија Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот Совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии, пишува италијанскиот весник.

Претпоставуваме дека Вилма Рускоска добро го светувала Зааев и му кажала дека доколку Груевски биде осуден за такво дело пред јавноста Зае ќе може да добие бенефит дека ете конечно успеал да го осуди противникот Груевски за набавка на државно возило, додека пак од друга страна можеби го советувала дека со таквиот чекор и дело кое што е зановано на банални аргументи , Груевски ќе може во било која земја членка на ЕУ кои што имаат подобри и повисоки стандарди во правосудството да си побара и да си добие  азил, бидејки таквиот случај ќе биде третиран за политчки а не како правен случај.  »Теза: Со ова се поткрепува нашата теза дека Вилма Рускоска е еден добар клиентелист кој им служи на повеќе влади , како што служела на власта на Гргуевски, каде што воедно се прилагодувала на моќното влијание на Груевски и неговиот братучед Мијалков, така денес служи на власта на Заев и се прилагодува на сега веќе моќниот Зоран Заев и неговиот влијателен брат Вице Заев, и ние би биле крајно изненадени доколку Вилма Рускоска се осмели да покрене кривична постапка или обвинитлен актпротив Вице Заев, Зоран Заев или било кој од нивните блиски кои што беа спомнатаи во бомбата на „ЛА ВЕРИТА„. Се додека обвинителството се однесува како слуга на властите наместо како слуга на правдата и на граѓаните на Република Македонија , не веруваме дека Македонија може да направи голем чекор напред кон Евроспката Унија и европските демократии и дека ќебиде признаена како земја која што негува демократија и има стандарди како земја што сака да стане членка на Европската Унија.

Тоа што “Ла Верита” го објави вчера предизвика итна реакција од страна на екс-премиерот Заев и главниот обвинител за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која запрашана од македонските медиуми, изјави јасно дека случајот не го процесуирала пред суд поради немање докази за кривично дело, но не објасни од која причина случајот тогаш не бил затворен веднаш, коментира новинарот Гајсер за вчерашните настани тука во Македонија.

Експлицитниот доказен материјал со кој располага македоснкото обвинителство ја прикажува сликата за една реалност која е надвор од сите нормални и легални политички стандарди.

Во различни делови од разговорите има и дијалози на Вице Заев од кои се гледа дека тој бил во можност да го контролира одблизу однесувањето на цели фамилии. Во разговорите братот на Зоран Заев бара објаснувања од соговорниците поради однесувања на нивните жени и деца кои дејствувале спротивно на интересите на СДСМ, односно се лути што тие присуствувале на митинзи на соперничките партии. Следствено на тоа, постојат аудиоснимки во кои Заев, информиран за гласања против СДСМ, побарал за казна веднаш да се избрка од работа цела една фамилија, една бејбиситерка, еден шофер, но и да се исклучат од струја одредени семејства преку локалната компанија за електрична енергија, во сопственост на австријската ЕВН.

Од истите документи се гледа дека целиот систем на купување гласови се базирал на константни уцени кон луѓето, конкретно Ромите како дел од жителите на Струмица, стои во текстот на „Ла верита“.

Осомниченото злосторничко здружение кое било под истрага си ги олеснувало своите крајни цели и преку издавање лични карти по скратена постапка, имајќи ја предвид македонската бирократија, со цел гласачите да можат навремено да ги упатат кон гласачките места.

Покрај ова искуство од минатото, наскоро следуваат предвремени избори. Ќе видиме дали македонското обвинителство ќе продолжи понатаму со истрагите и како ќе се однесуваат државните институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.