На денешното рочиште треба да се прегледуваат снимките од бизнисменот и сведок Орце Камчев.  Имено јавноста на последното рочиште можеше да прочита и неколку СМС пораки кои ги разменувал првообвинетиот Бојан Јовановски а воедно комуницирал и со тогашниот премиер Зоран Заев, кој му рекол дека станува збор за чист рекет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 10:16

Продолжува „Рекет“: Ќе се презентираат снимките од Камчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако минатото рочиште беше откажано, денеска во Кривичниот суд во Скопје, е закажано ново рочиште за случајот „Рекет”.

На денешното рочиште треба да се прегледуваат снимките од бизнисменот и сведок Орце Камчев.  Имено јавноста на последното рочиште можеше да прочита и неколку СМС пораки кои ги разменувал првообвинетиот Бојан Јовановски а воедно комуницирал и со тогашниот премиер Зоран Заев, кој му рекол дека станува збор за чист рекет.

Денеска продолжува судењето за случајот Рекет. Како доказни материјали за случајот ќе се земат и снимките кои беа објавени од италијанскиот весник Ла Верита

На рочиштето обвинителката Ирена Трајчевска, обелодени и фотографија на која се гледа обвинетата Катица Јанева со снопче од 500 евра.

Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести