Тијана Медан е насмеана, убава и позитивна девојка, а таква секогаш и била. Дури и во најлошите денови од животот, насмевката ја криела болката, од себе и од другите. Тоа се одразило на нејзиното здравје, расположение, самодоверба, изглед... На 16 години го изгубила таткото, дознала дека има кокаски миокрдитис и низа други здравствени проблеми, а една од последиците биле и 115. килограмите кои ги имала Тијана на свои 20 години.

Објавил: Весна Петровска | 30 јануари, 2020 5:05

ГИ СРЕДИЛА МИСЛИТЕ, ПА ГО ДОВЕЛА ТЕЛОТО ДО СОВРШЕНСТВО: Тијана открива како за ГОДИНА ослабела 50 килограми!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ова е приказна за девојка која исто како тебе, твојата мајка, другарките или братот, не го сакала својот живот. Која во еден момент размислувала дека би било убаво да не постои. Ова е приказна за девојка рекла „помогни ми“ и која денес е зрела, искусна и храбра која помага и на другите.

Тијана Медан е насмеана, убава и позитивна девојка, а таква секогаш и била. Дури и во најлошите денови од животот, насмевката ја криела болката, од себе и од другите. Тоа се одразило на нејзиното здравје, расположение, самодоверба, изглед… На 16 години го изгубила таткото, дознала дека има кокаски миокрдитис и низа други здравствени проблеми, а една од последиците биле и 115. килограмите кои ги имала Тијана на свои 20 години.

– Ко дете бев активна, тренирав одбојка, здраво се хранев. Секогаш имав 2,3 килограми вишок, но бев соодветно градена. Сакав секогаш да јадам и се беше во ред додека во 2011 татко ми не почина. Во тој период силно се разболев. Наредните три години повеќе време поминав по болници, отколку дома, во училиште, или со друштво – вака ја започнува Тијана својата приказна за српски Курир.

Иако се чувствувала лошо, поради болеста на татко и не сакала да ги оптеретува домашните со своите проблеми. Често имала несвестици и температура 37,4 речиси шест месеци, но продолжила да оди во учиилиште и да тренира како ништо да не се случува. Се до еден ден.

– Ме најдоа без свест во зградата, дошла Итна помош и ме однеле во болница. Бев во прединфарктна состојба, знаеле дека нешто не е во ред со срцето, но не знаеле што е. По месец дена ми дијагностицираа кокаски миокардитис. Од резултатите дознавме дека ми е намалена работата на штитните жлезди, а подоцна и за инсулинска тезистенција и полицистични јајници. Тогаш почнав да се дебеелеам на почетокот накачував малку па смалував се додека во еден момент не се здебелив до 23 килограми за два месеца. Во тој период не смеев да тренирам, полека почнував да паѓам во депресија бидејќи се гледав себе си и не се препознавав. По седум години престанав да се занимавам со одбојка и се повеќе се затварав дома – се присетува Тијана за тешкиот период.

По средното училиште, оди во Виена да студира информатика. Освен што учела и работела на четири работи. Мислела дека може се да уклопи а најмногу патело здравјето и телото.

– Ресторанот за брза храна ми беше пред куќата во Виена, така што ми бепе најлесно да одам таму и да изедам нешто. Со тек на време тоа ми стана зависност, почнав да јадам секој ден и емотивно да се прејадувам. Било тоа дали ми се случило добро или лошо јас се „частев“ со таква храна. Килограмите растеа се до 2016 година, кога достигнав до 115 килограми. Во текот на тоа дебелеење милион пати се обидувава да ослабам, не постои диета која не ја имав пробано. ОСлабев 10, 15 килограми, па веднаш ќе вартев 20. Се вртев во круг три години и постојано одев во погрешна насока, вели таа и додава:

– Во тој момент во храната гледав како свој издуван вентил, нешто што најдобро ме разбира. Своите емоции ги врзував за храната, а најсреќна бев кога си купував нешто за јадење. Имав ритуал да гледам серија додека јадам, а потоа да легнам да спијам. Едни утро се чувстувував и се запрашав што правам со себе. Ме гризеше совест и која ме тераше да си ветам дека ќе престанам, но откако веднаш ќе пораоти малку посилана емоција, веднаш се вртев по храна.

Поради проблемите со здравјето, Тијана во 2016 година била месец дена во клиничкиот центар. Докторите постојано и зборувале да превземе нешто биејќи во спротивно нејзиното тело нема многу долго да издржи. Иако физички се чувствувала лошо, тогаш не ги слушала.

– Имав секој петок во 10 наутро математика на вториот спрат на факултет. Колегите се качуваа за минута а мене ми беа потребни 5 минути и после искчувањето веднаш се потев, се задишував како срцето да сака да излезе. Бев засрамена, се чувствував лошо имав само 22 години и не можев да се искачам на втор спрат, се присетува таа.

По три години живот во Виена, Тијана одлучува да се врати во Србија. Тој јануар во 2017 година кога и завршил семестарот, било пресвртница во нејзиниот живот, бидејќи цврсто одлучила да се промени, овој пат одлуила дека во својата намера мора да биде истрајна до крај.

– Таа Нова година седев со другарките, во тој момент момчето кое многу ми се допаѓаше ми пиша порака да се видиме. Ми беше срам, ме немаше видено со месеци, така да излажав дека одам за Виена и дека не сум тука. Размислував до кој степен стигнав за да ми биде срам да излезам од дома. Повторно ми стигнаа лоши резултати од крвта и тогаш себе си си реков дека „ сега е доста“, морам нешто да променам. Големата цел ми беше 45, 50 килограми, но првиот пат себе си си дадов помала цел. Почнав да тенирам по програмата на Кајли Ицинс, која ми е најголем идол. Таа тогаш објави за они кои ја следат целиот нејзин програм и почнав да вежбам од 9. јануари, ги пратев останатите девојки и нивниот напредок и тоа додатно ме мотивираше. Кога станува збор за исхраната сфатив дека не сакам диета, бидејќи сите претходни беа неуспешни.

Си реков себе си дека не е важно колку време ќе ми биде потребно, како и дека не постои ништо што не смеам да јадам, но тоа да биде сведено на минимум. Бидејќи ништо не знаев почнав да читам и да истражувам за храната и барав да најдам нешто што подеднакво ќе ме задоволи, а што ќе биде здраво, раскажува таа.

Тој јануари, понедлник, се започна, а Тијана можела да направи само 2, од 4 круга на вежби. Не ни насетувала што се на ова патување ја чека. Почнала да „копа“ и по емоциите кои ја довеле до 115 килограми.

– Мојот проблем беше што и во најтешките моменти, кога мојот татко беше болен и кога имав проблеми со здравјето, не умеев да плачам, да бидам тажна, ниту да се нервира. Се бранев себе си од тоа, што тоа како што сфатив со тек на време е многу лошо. Секогаш бев насмеана, се правев дека сум среќна и задоволна. Емоциите кои ги буткав под тепих се собираа три години, додека во еден момент не почуствував дека пукам, како да се распаѓав на милион парчиња. Почнав да плачам нон -стоп, две недели секоја ноќ седев во соба и плачев.

Еден ден дојдов дома и и реков на мајка ми дека ми треба помош. Нјадовме психотерапевка и во периодот кога почнав да слабеам, почнав да идам кај неа. Тоа многу ми помогна , бидејчи зборувавме за моите емоции кои ги потиснував. Успеав да ги преболам сите работи кои не сум ги преболела кога требаше , а потоа се посветила на решавање на емотивно предјадење. Со тек на време се чувствував помалку депресивна, а со тоа и имав помала потреба да се тешам со храна.

Бројот на килограми кои трбало да ги изгуби, за многу дебели луѓе преставива големо оптеретување и поради што луѓето често се откажуваат. Така и Тијана во еден момент помислила „ нема шансида го направам тоа, ќе останам дебела до крајот на животот“. Потоа почнала чекор по чекор. Имало тешки моменти, падови, предрасуди, но тоа и бил додатен „ветер во грб“.

– Паметам една посебно непријатна ситуација. Кога почнав со слабеење, отприлика полсе месец дена отидов да трчам покрај Сава. Сиимнав апликација на која една девојка води тренинг, која изгледа така што 15 секунди трчаш, минута ипол одиш. Имав слушалки на уши и дојдов да тренирам во 6 наутро, бидејќи ми беше срам да трчам пред другите луѓе. Слушнав во еден момент како еден човек вика „Ајде крчмо дебела, ти демек како нешто трчаш, а не можеш ни да потрчаш„. Се спуштив до Сава, седнав и почнав да плачам – се присетува Тијана која после 15 минути плачење одлучила да не се сожалува и ги вратила слушалките во уши и продолжила да трча.

На патот за решавање на физичкиот, здравствениот, но и емотивниот проблем, Тијана имала многу кризи. Посакувала да се откаже многу пати. Научила да се победува себе си, а денес нејзините зборови помагаат, ги охрабрува другите, и ги учи сите кои на својот пат ќе наидат на било какви препреки.

– На сите им кажувам дека слабеењето не е линеарен процес. Милион пати ќе се откажете, што ќе погрешите уште повеќе. Телото ќе истрпи се, тоа не е проблем. Проблем е во главата која нас постојано не кочи и која откажува многу повеќе од телото. Тогаш најмногу треба да се бодриме себе си и да се бориме со „демоните“ кои нас не кочат. И јас после 15 дена откако почнав да слабеам, за прв пат го прекршив својот режим. Ми бепе роденден и кога си отидоа сите кои ги повикав да прославиме, седев и ги изедов сите уштипци кои ги направив. Прво себе си се критикував зоштоги изедов, а пота сфатив дека треба да си простам себе си, дека не е крај на светот. Си честитав роденден, а утрото коа се разбудив си продолжив онаму каде што застанав, искрен ае Тијана која признава дека првите 6 месеци се борела со себе, додека вистински не почуствувала дека тоа и станува навика и дел од животот.

– Мотивацијата е тоа што те носи напред и ти дава ветер во грб, но тоа е краткотрајно. Потребно е да се гради дисциплина, бидејќи како што го тренираш телото така го тренираш и мозокот.

Првите резултати убавата студентка ги видела по 2,3 месеци, но била разочарана. Сепак, радозналоста ја терало да продолжи понатака, бидејќи ја интересирало што ќе и донесе во наредните 12 месеци.

– Јас очекував дека за краток период магично ќе ослабам и ќе станам тоа што сум денес, а за што ми требаше цела година. Денес сум свесна колку тоа било успех. Првиот значаен период го забалеѓав по 8 месеци, тогаш изгуив некои 30 килограми. Отидов во Виена, а колегите од факултет не ме препознаа. Тогаш отидов на првиот поголем шпоинг. Пробав Л, дури и М бев пресреќна бидејќи сфатив дека нешто постигнав, раскажува Тијана.

Колку во некои моменти се срамела од себе си, најдобро покажува тоа што никого не сакала да праша за совет. Се истражувала сама.Дури на Инстаграм се преставувала под лажно име, комуницирала со странци и блокирала дури 3.000 луѓе од Србија. Како напредувала така се зголемувала својата самодоверба, но и потребата со својот пример да ги мотивира и другите да го променат својот живот и да ги променат навиките кои на било кој начин ги гуши.

– За време на слабеењето испробував разни активности, кик-бокс, пливање, возев ролери, одев на акробација, а потоа во еден момент земав и приватен тренер со цел да научам како да ги користам справите во теретана и да ги работам правилно вежбите. На Инстаграм се викав Daisyducklings.journey и тоа беше мој личен дневник на кој го објавував својот процес на слабеењеи ме пратеа многу луѓе кои беа на истиот пат. Се до 1. април 2019 година ги држев лушето од Србија блокирани. Потоа сфатив дека нема причина тоа да го правам и дека треба да бидам горда на себе. Го одблокирав и на својот приватен профил на кој имав само 300 пријатели открив дека на мојот профил имам дуи 80.000 следбеници. Така започна моето дружење со луѓето во Србија од кои добив голема поддршка и многу убави пораки.

Во намерата да го промени тоа што се гледа во огледало, Тијана била упорна се додека во март 2018 година не достигнала 66 килограми. Тогаш се одлучила да оди на операција за остранување на вишок кожа.

– Пред операцијата која беше на 11 септември 2018 година сотигнав килажа од 60 килограми. Веќе во јануари таа година почнав да размислувам за операција, пронајдов хирург кој ми одговараи во јуни закажав операција за септември. Тоа што беше важно е дека пред операција треба да дојдете до посакуваната килажа. Јас одеднаш ја симнав кожата од градите и стомакот, бидејќи таму имав вишок, додека на рацете и нозете се се врати во нормала со вежбање. Операцијата траеше 7, 8 часа, во болница поминав две ноќи. Болките повеќе ги чувствував во градите додека во стомакот ме забалуваше во наредните месеци. Имав среќа што кај мене немаше потреба од намалување на мускули и липосукција. Првите 4до 6 недели опоравувањето беше тешко, бидејќи во се м беше потребна помош. Најмногу ми помагаше мајка ми и најдобриот другар , вели Тијана која 8 недели по операцијата се вратила на нормалниот живот, кој меѓу останатото се подразбирало и вежбањето во теретана.

Иако денеска во огледало гледа убава девојка полна со самодоверба, се труди никогаш да не ја заборави личноста која била пред неколку години. Како поради себе, така и поради другите луѓе на кои им помага.

Имено, Тијана низ целиот процес на слабеење почнала да истражува за здравата исхрана и се што се подразбира под фитнес, а во меѓувреме тоа и се претворило и во работа од која успева и добро да заработи.

– По операцијата на остранување на кожа, тргнав на курс за здрава храна и суплеменција, а после тоа одев и на курс за персонален тренер. Претходните година дена покрај факултетотм се посветив и да се едуцирам на тема исхрана и тренинг. Во октовмри 2019 година почнав да пишувам програми за исхрана и за два месеца дојдов до 60 клиенти. Фитнесот ми е голема љубов и страст и најмногу би сакала во наредните 5 до 10 години да најдам нешто што можам да повежбам и со информатика тоа што го студирам.
Имам понудам да работам како професионален тренер, но за сега не можам поради обврските со факултетите, зборува Тијана која веќе наголемо е посветена на идните цели.

– Додека во 2017 и 2018 година највеќе бев посветена да го изгуам тој голем број на килограми, 2019 година малку се омодрив и се посветив на други работи. За оваа година најголема цел ми е да продолжам онаму каде што застанав со факултетот и потоа ќе бидам подготвена да направам чекор напред. Да ги померам своите граници и тоа не само за физичкиот изглед, туку и поради тоа што сакам да видам колку уште можам да напредувам, рекла Тијана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.