Судскиот процес се води против Бојан Јовановски и Катица Јанева, а денеска влегува во нова фаза.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јануари, 2020 10:04

“Рекет” влегува во нова фаза- денеска се изведуваат материјални докази

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“, а ќе бидат изнесени доказни материјали од страна на Обвинителството за организиран криминал.

Вчера првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека сака да ја пријави обвинителката Вилма Рускоска за корупција тешка 4 милиони евра.
(ФОТО ЛОКАЛНО.МК)

Судскиот процес се води против Бојан Јовановски и Катица Јанева, а денеска влегува во нова фаза.

Вчера беше последното рочиште а сведочеа четири нови сведоци.

Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката која воедно е и кума на Боки 13, Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, водителката Лила Стојановска, која беше една од најдобрите пријателки на Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“.

За Рекет претходно сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, а на почеток на судењето сведочеше и Јордан Камчев со неговата сопруга, кој всушност го пријавил овој случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.