Имено денеска Кинеските медиуми објавија дека штотуку родено бебе во Вухан е заразено со овој коронавирус. Лекарите од детската болница во Вухан, од каде што практично и започна да се шири вирусот пренесоа дека постои можност бремените жени, кои се заразени со коронавирус, да ги пренесат на децата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 16:41

ОВА Е НАЈТАЖНАТА ВЕСТ ДЕНЕСКА: Штотуку родено бебе заразено со коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најтажната вест денеска доаѓа од Кина, каде што новиот смртоносен коронавирус буквално коси.

Имено денеска Кинеските медиуми објавија дека штотуку родено бебе во Вухан е заразено со овој коронавирус. Лекарите од детската болница во Вухан, од каде што практично и започна да се шири вирусот пренесоа дека постои можност бремените жени, кои се заразени со коронавирус, да ги пренесат на децата.

Веќе е јасно дека вирусот се пренесува од човек на човек, иако досега сепак нема индиции дека се пренесува преку дишните патишта.

Како што пренесе „Би-би-си“, само триесет часа по раѓањето на бебето бил констатиран вирусот, а со тоа ова бебенце е најмладата жртва заразена од коронавирус. Кинеската агенција соопштува дека состојбата на бебето е стабилна. Од таму велат дека сите витални функции на бебето се стабилни, нема температура и не кашла, но има краток здив.

Водно денеска кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека се поголем е бројот на заразени од коронавирусот. За само 24 часа од коронавирусот во Кина починале 73 лица, а со тоа се зголеми вкуниот број на жртви кои достигна до 563 починати од овој вирус. За24 часа регистрирани се уште 3.694 нови случаи на болеста, и со тоа бројката на заразени од корона вирус достигна до 38.018 лица.

Главните симптоми на коронавирусот се висока температура, треска и тешкотии во дишењето. Симптомите на заболувањето се манифестираат како и кај другите респираторни заболувања и можат да предизвикаат цела палета различна симптоматологија од многу лесна клиничка слика со настинка, па до многу тешки форми како што е САРС, сериозно акутно респираторно заболување, кое може да ги нападне и другите органи и многу често има смртен исход.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.