На прашањето што Република Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  тој одговори дека нашата држава најпрво би требало да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 18:54

Жбогар искрен до болка: Во овој момент не може да влезете во ЕУ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прва посета на Пробиштип, евроамбасадорот Самуел Жбогар потсети дека Европската комисија стои на ставот дека е време да се отворат преговори со  Македонија.

Самуел Жбогар бил поранешен министер за надворешни работи на Словенија а за шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, беше назначен во јули 2016 година.

На прашањето што Република Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  тој одговори дека нашата држава најпрво би требало да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

-Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процес на проширување и во овој момент не може да влезете во ЕУ. Прво би требало вашата економија, вашето општество, животна средина и државни институции сите да се подготват за да влез во ЕУ и токму поради тоа постои процес на преговори со цел да се подготвите. Со еден збор вашата земја треба да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

На тоа како гледа на изборите кои треба да се одржат во Македонија на 12 април, Жбогар рече дека очекува да се спроведат фер и демократски избори, како и до сега.

-Собранието на Република Северна Македонија само што се распушти и какошто вие рековте веќе влегуваме во изборен период. Тоа што сите го видовме во текот на минатите избори, било тие да се за претседателски или парламентарни избори, на некој начин ги крена очекувањата многу високо. Затоа што сите тие беа спроведени на перфектен, соврешен начин, ние како Европската унија не очекуваме ништо помалку, па ниту подолу од тие очекувања, односно од начинот какошто беа спроведени минатите избори. Ние се надеваме дека овие избори ќе бидат слободни, и дека ќе бидат фер, вели Жбогар.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.