Сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а сега е целосно нормализиран.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 март, 2020 14:45

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: 20-годишник со „ауди“ од Зајас уби тракторист

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утрово едно лице загина, едно тешко повредено во сообраќајката на патот Кичево – Гостивар.

Во 9,30 часот утринава на патот Кичево – Гостивар, кај селото Трапчин дол се случила тешка сообраќајка меѓу трактор и автомобил „ауди“, во која животот го загуби трактористот, додека возачот на автомобилот е хоспитализиран со тешки повреди.

Возачот на “аудито“ е со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.М.(20) од с.Зајас, а тракторот бил управуван од Б.А.(61) од с.Грешница.

Возачот на тракторот починал на лице место, додека возачот на аудито е пренесен во болницата во Кичево. Сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а сега е целосно нормализиран.

Во првите шест месеци од минатата 2019 година во сообраќајни незгоди на патиштата во државата загинале 70 лица.

Овие статистички податоци навестуваа дека 2019 година беше најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...