Основните училишта во Чаир: „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ и официјално се со сменети имиња.

Објавил: Владо Марин | 3 март, 2020 6:31

СРАМОТА: „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ станаа „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Основните училишта во Чаир: „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ и официјално се со сменети нови имиња. Тие сега се викаат „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“.

-Откако ги потпишав потребните акти, конечно се реши прашањето со имињата на училиштата во Чаир, напиша Адеми.

Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни песни“ (Моторни пѣсни) содржи 20 песни, напишани на бугарски јазик.Нему му припаѓа едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.[3]

Биографија

Никола Јонков Вапцаров (7 декември 1909 – 23 јули 1942) — македонски писател со бугарско граѓанство, комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија (денес Бугарија). Вапцаров бил член на Сојузот на бугарските писатели, а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година.

Вапцаров е роден во Банско во Пиринска Македонија, на 7 декември 1909 година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, двајцата Македонци од протестантска(евангелистичка) вероисповест. Татко му, Иван (Јонко) Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година, а потоа бил вклучен во братоубиствените борби меѓу одделните фракции на македонските револуционери.

Мајката на Никола Вапцаров имала неколкугодишно образование во американскиот колеџ во Самоков, а потоа, извесно време работела како учителка во Македонија при што и таа се вклучила во борбата за ослободување на Македонија.

Никола Иванов Вапцаров. Централен затвор”.

И покрај тоа, на 23 јули 1942 година, во 11 часот, во присуство на најбилските, на Вапцаров и на другите осудени им била прочитана пресудата. Истата вечер, во 21 часот и 10 минути, Никола Вапцаров и Антон Попов, заедно со четворица други бугарски комунистибиле стрелани во дворот на една софиска касарна.

Осврнувајќи се на судењето на нејзиниот син, мајка му на Никола Вапцаров во своите „Спомени за мојот син“, објавени во Софија, во 1960 година, запишала: „Нема бог, не може да има.

Ако имаше, тој ќе ме слушнеше. Јас толку од срце се молев да ми го спаси синот, мојот син, кој се бореше за среќата на народот, но тој не ме слушна. Или пак, ако го има, тој е ѕвер… Го уништив во своето срце бога, но најдов во зборовите на Никола повеќе вистина: ‘Ако треба, и ти ќе умреш за таа идеја’ – така ми рече тој. И тие негови зборови за мене станаа смисла на животот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.