Министерот Спасовски по аферата на директорот на БЈБ Велковски сега треба да објасни дали полицијата апсела терористи или им ги донеле во Скопје?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 14:18

МВР со “фалш” апсење на македонски државјани терористи на ИСИС!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште една афера на повидок во која е инволвирано МВР и Министерот Спасовски.

Откако вчера медиумите беа известени од Министерството за внатрешни работи дека во полициска акција биле уапсени 7 припадници на ИСИС македонски државјани кои се бореле во Ирак денеска официјален Вашингтон ни открива дека седумтемината терористи веќе биле уапсени и биле чувани по затвори во Ирак и Сирија по што сојузниците само ги префрлиле во затвор во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи објавија и ексклузивно видео од апсењето на терористите кое го споделија повеќе медиуми.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека апсењето на осомничените терористи било извршено во соработка со Глобалната коалиција за борба против тероризмот но никаде не наведоа дека се работи за репартријација односно преземање на уапсените.

“Полицијата ноќеска спроведе акција во која уапси македонски државјани на возраст до 47 години кои учествувале во воени и паравоени акции на туѓа територија” – се вели во соопштението на МВР.

Новинската агенција “Асошиејтед Прес” открива дека по повеќемесечен притисок од САД неколку држави меѓу кои и Македонија прифатиле репатријација на свои државјани кои учествувале во борбите на фронтовите во Ирак и Сирија како дел од т.н. Исламска држава и други терористички организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.