Пратеникот Антонио Милошоски денеска се огласи на својот фејсбук профил и ја обвини Фатиме Фетаи дека знае се во случајот со нелегалните снимки против него, а молчи!

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 9 март, 2020 10:00

МИЛОШОСКИ ТВРДИ: Заев има приватни снимки за многу граѓани, може секој да биде уценет!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Антонио Милошоски пред да се распушти Македонското Собрание презентираше тн. бомби пред пратениците со која се основа сомнението дека Зоран Заев е директно инволвиран во најголемата афера „Рекет“. Веднаш потоа Милошоски презентираше уште една бомба во која главен актер е повторно Зоран Заев и неговата улога врз одлуките во судството. Во аудитивниот материјал кој ни го презентираше Милошоски се препознава дека Заев се обидел да врши притисок и влијае на судските одлуки.

Пред неколку недели во Собрание на Македонија, Милошоски ја презентираше првата бомба пред пратениците. Од тогаш случајот со снимките кои се нелегално направени добива нови перипетии.

Не помина ни една недела, осветата стигна. На Јутуб се појавија бомби каде што наводно Милошоски се јавува кај Судија да се информира за постапка, притоа меѓа индиции дека тој вршел притисок или дека барал да се преиначи некој судска одлука. 

Милишоски тврди дека снимките кои се појавиле на youtube, а при тоа и се нелегално направени, се доказ дека Зоран Заев поседува копии од материјалите за кои тврдеше дека се предадени во СЈО и дека не поседува ниту еден дел од снимените материјали. Според Милошоски Заев ги поседува снимките предадени во СЈО, но и многу други, со цел да ги наведува и уценува пратениците во нивните одлуки и гласања. 

Од друга страна Зоран Заев, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски, негираат поврзаност со овој случај и бараат правосудните органи да отворат истражувачка постапка за случајот, со цел да се увиди кој ги објавил снимките.

По тоа, Милошоски се обрати на својот фејсбук профил и истакна дека има доказ дека Заев ги поседува снимките, а и обвинителката Фатиме тоа го знае. Според записник од СЈО јасно стои дека Фетаи ги преслушала сите снимки во кои актер е Милошоски по барање на Катица Јанева и Зоран Заев. 

Во својата објава Милошоски тврди и дека македонските граѓани треба да бидат внимателни бидејќи фондот на снимки особено приватни со кои Заев располага е огромен и дека тој ќе ги употреби против некој во моментот кога ќе треба да изврши притисок на неговата одлука или воспостави контрола во неговото делување. 

Еве ја објавата на Милошоски: 

Фатиме Фетаи најдобро знае дека Заев лаже дека ги немал, не ги знаел, не ги предал објавените 5 од 6 снимки, кои УБК нелегално ги снимила за мене во 2011г.

Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во Февруари 2018та, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува нема дело. Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО.

Тој додава и дека Заев не само што поседува снимки туку и ги нарачува нивните монтажи и одбира вистински момент кога и како ќе ги користи против другите. Во продолжение фрагмент од објавата: 

Ова докажува прво дека Заев предал многу снимки во СЈО,
и второ дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело

Копиите кои ги поседува Заев се илјадници на број и опфаќаат приватни, деловни, службени и политички разговори на пратеници, лидери на неколку политички партии, влијателни стопанственици, истакнати новинари и неколку сопственици на медиуми. Заев и досега ги злоупотребувал и во иднина (во потесен круг, лично со жртвите или јавно) ќе ги злоупотребува овие снимки за уцени, политички притисок и медиумска послушност и стопанско рекетирање, а се со цел тој да се спаси од одговорност.

Но, времето на З.З. завршува.
Како дојде, така ќе си оди.
Ако прифати ТВ дуел со мене, ќе го отворам како пупка. Но, и ако не прифати, исто му се фаќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.