Човекот кој цел работен век пишувал за македонско национално малцинство во Грција, сега ке треба да си "плукне" во сопствениот научен труд и дипломатска кариера

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 13:42

Виктор Габер ќе ја цензурира македонската историја?

Фото/Текст извор: ©сдсм/магазин.мк

Поранешниот амбасадор и политиколот Виктор Габер е именуван на чело на комитетот за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.

Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.

Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Како што информира денеска Министерството за надворешни работи, овој комитет е формиран во согласност со член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17 јуни 2018 г. (Спогодбата од Преспа).

Интересен податок е што Договорот нема правна сила и активностите на Министерството за надворешни работи се спротивни на Уставот и законите во Република Македонија.

Виктор Габер е македонски дипломат, филателист и публицист. Магистрирал правен факултет во Скопје во 1979 година.

Виктор Габер со неговата сестра, доскорешната Уставна судијка, Наташа Габер Дамјановска.

Во својот работен век работел како втор (1980 – 1981 година) па прв секретар во амбасадата на СФРЈУ во Атина (1981 – 1984 година), бил прв советник за политички прашања во амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989 – 1993 година), по што поминува во МНР каде е потсекретар (1993 – 1996 година) по што од СДСМ е именуван за амбасадор во Италија од каде ги покрива и Организацијата за исхрана и земјоделство на ОН и ИФАД, Светската програма за храна (1996 – 2000 година) од 2004 година повторно како избор на СДСМ е именуван за амбасадор во Авсрралија (2004 -2008 година) а последна активност му била претседател на Дипломатскиот клуб во Скопје, која ја извршувал во 2009 година.

Интересно е што Виктор Габер има издадено публикации на теми за кои сега треба да ги негира сопствените тези, како онаа од 1985 година именувана како Односот на Грција кон македонскот национално малцинство по Првата Светска војна, Македонската дипломатија од 2002 година, Името Македонија – историја, право и политика од 2010 година.

Виктор е роден брат на Наташа Габер Дамјановска која беше избрана за судија на Уставниот Суд на Република Македонија на 7 октомри 2008 година се до минатата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...