Се смируваат страстите околку изградбата на минарето во Охрид

Објавил: Узунов Бобан | 29 март, 2019 18:30

Заев ја запре изградбата на Алипашината џамија во Охрид, ќе чека да види како ке гласааат?

Фото/Текст извор: ©магазин

Стопирана е изградбата на 32 метарското минаре на Алипашината џамија уверува премиерот Заев, и вели после 5 мај ќе се знае каква ќе биде судбината на градбата. Тој денеска од Охрид потврди дека инвеститорот од почетокот поседува само конзерваторско решение но не и одобрение за градба. 

За џамијата има само одобрение за конзерваторско – реставраторски работи и реконструкција но не и одобрение за градба тврди премиерот Зоран Заев.За ова прашање на заеднички состанок посел 5 мај ќе се бара решение со оглед на тоа дека станува збор за сензитивен период а Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање.

Од Инспекторатот денеска не беа достапни за одговор околу забраната за градба а активисти и граѓани на социјалните мрежи информираат дека и утринава инвеститорот на објектот работел со полна пареа. Од здружението Совест пак  велат не веруваат на зборовите на премиерот се додека не ги видат жолтите ленти. Тие и денеска додека тој даваше изјавата пред медимуите со транспаренти во раце повторно  побараа итно поставување на  жолти ленти околу џамијата.

Заев пак уверува дека засегнатата страна ќе се придржува до договореното и испрати апел за смиреност меѓу граѓаните. Инаку Алипашината џамија во Охрид се гради повеќе од 2 години без дозвола за градба. Од Управата за заштита на културнито наследство информираа дека освен во градбата, отстапки  надвор од проектот се направени и во внатрешниот ентериер на џамијата. На случајот работи и ОЈО Охрид кое досега покрена постапки против повеќе физички и правни лица кои извршиле низа неправилности на објектот. 

Решение за прашањето за спорната изградба на минарето на џамијата во Охрид ќе се бара по изборите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести