Секој момент се очекува Костадин Костадинов (Манулач) да одржи прес конференција пред општина Новаци

Објавил: Данаил Михајловски | 7 март, 2019 10:20

Непотизам или љубов: Градоначалник си ја вработил жената!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски (СДСМ), си ја вработил својата сопруга Марица Кузманоска, во општината со која тој раководи. Оваа информација, која Магазин ја доби од вработен во општината, е една од главните теми во општина Новаци, со напомена дека овде станува збор и за судир на интереси, но и за злоупотреба на службената положба. Народот во Новаци со потсмев гледа на телевизиските дебати за непотизмот, додека на лице место првиот човек на локалната власт е промотор на истиот.

За Љубе од Новаци нема многу што да се напише. Скромните информации се дека на покана на градоначалничката на Град Ајдин, градоначалникот Љубе од Новаци лани бил во официјална посета на Република Турција. И дека во февруари оваа година на Манифестацијата “Избор на најуспешни битолчани” за 2018 година, Битолски весник му доделил награда на Градоначалникот на општина Новаци, г-дин Љубе Кузманоски во категоријата на успешни во политиката.

Госпоѓата сопруга на градоначалникот е вработена со решение како раководител на одделението за технички и магацински работи. Истовремено, нашиот извор открива дека, Марица сеуште соработува со фирмата во која претходно работела, “Шкорпион“, фирма што изнајмува општи работници за краткорочен ангажман по договор. Оваа фирма исто така има соработка со општината Новаци со која раководи нејзиниот сопруг, за што веројатно од голема помош им е нивната довчерашна колешка Марица Кузманоска, што и дава повластен статус на самата фирма. Она што во целата ситуација е неспорно е хармоничниот брак на Љубе и Марица Кузманоски, кои имаат двајца полнолетни синови. 

Лани во Ноември, градоначалникот Љубе, на кого ова му е прв мандат на чело на локалната самоуправа, изјави: “Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани.“ Неговата сопруга сигурно се согласува со оваа изјава на градоначалникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...