"Поради неодамнешните дождови и топлото време, очекуваме отровни инка пајаци да започнат да се движат наоколу.

Објавил: admin@magazin | 22 јануари, 2020 19:50

Австралија преживеа поплави и пожари, а сега стигна нова смртоносна опасност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По екстремните пожари и поплави во Австралија, експертите ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на смртоносните пајаци, заради идеалните услови создадени за нивниот развој.

Видот на пајакот напредува во влажните шумски области во источна Австралија и е познат по својот отров со многу брзо дејство, пренесува Си-Ен-Ен.
Австралискиот рептил парк предупреди дека нивната активност се зголемила во последните денови.

“Поради неодамнешните дождови и топлото време, очекуваме отровни инка пајаци да започнат да се движат наоколу. Тој вид пајак е веројатно еден од најопасните во светот и треба да го сфатиме ова многу сериозно”, рече портпаролот на паркот Даниел Рамзи.

Експертите велат дека неговата агресивност и токсинот што го инјектира во многу случаи довело до смрт.

Во шумските пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, Австралија, настрадаа половина од коалите што живеат таму.

Раниот почеток на сезоната на пожари донесе пожари во природниот резерват на езерото Инес, во кој минатиот месец се уништени две третини од живеалиштата на коалата, а останатиот дел беше загрозен од 15 големи пожари во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.