На сред "зима" и Австралија се соочува со огнена стихија која веќе предизвикува огромни материјални штети

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 15:46

Австралија: Уште е зима а беснеат 85 пожари во кои згореа 3 куќи и 20 згради а горат и илјадници хектари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку три куќи и повеќе од 20 помошни објекти како што се хангари изгореле во областите обраснати со ниски растенија во Нов Јужен Велс.

Државната пожарна служба соопштила дека повеќе од 800 пожарникари од вчера се борат со 85 пожари во различни подрачја на Нов Јужен Велс.

Најмалку 30 од тие пожари уште не се под контрола. 

Пожарот во близина на местото Бембока се проширил на повеќе од 3.000 хектари велат пожарникарите и додаваат дека четворица нивни колеги се повредени бидејќи возилото им се превртело додека се бореле против огнената стихија.

“Не се сеќавам некогаш да сум доживеал вака бројни и раширени пожари. Ако не падне дожд изгледа дека ова ќе биде најдолга противпожарна сезона.” – додава Шепард.

Пожарите во австралискиот буш како на тој континент популарно ги нарекуваат слабо населените области обраснати со густи растенија се ретка појава во зима.

Меѓутоа службеникот на пожарната служба Бен Шепард вели дека нема показатели дека ситуацијата брзо ќе се смири.

“Не можеме да очекуваме дека работите многу полека ќе се смируваат со уште 85 пожари кои горат ширум државата и со ветровите кои се засилуваат.” – вели тој и потсетува дека во Нов Јужен Велс сега е суша која помага во ширењето на пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.