Австрискиот Канцелар, очигледно има слаба меморија, затоа што беше редовен декор на протесните митинзи на ВМРО - ДПМНЕ, во поддршка за унитарна Македонија, ама не Северна

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 8:02

Австрискиот канцелар Курц во посета на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според најавите, австриската делегација предводена од канцеларот Курц ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата.

Спорфед агендата  австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по разговорите  ќе одржат заедничка прес-конференција.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.

Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.