Фрчкоски несвесно открива мега скандал дека постои можност Грција да не ги прифати уставните измени, по што тие ќе бидат плод на добрата волја на самонегирање

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 7:57

Ако Грција не го ратификува Договорот, уставните измени ќе не уништат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот министер за надворешни и внатрешни работи на Македонија, професор Љубомир Д. Фрчкоски со став кој шокира.

Човекот кој бил дел од стручниот тим кој го пишуваше Уставот на Република Македонија лаички и површно ги толкува уставните измени како да се тоа членови во статут на куќен совет.

Според Фрчкоски ние правиме уставни измени со надеж, дека Грција ќе ги прифати и ќе го имплементира Договорот од Преспа.

Во спротивно, Фрчкоски убедува дека тие нема да имаат правна сила, што е ноторна лага.

Сите овие амандмани и не важат се повлекуваат ако договорот не помине во грчкиот парламент. И повторно ќе бидеме на старите позиции. Пасош, лична карта се менуваат со новиот наслов кога ќе заврши нивниот рок. Државните интитуции кои се финансираат од буџет, ќе го носат новото име во својот наслов, како ќе завршуваат пакетите од преговорите со Европската Унија. Тоа е до 2025 година. – истакна Фрчкоски.

Со ова Фрчкоски несвесно открива правен мега скандал. Ова е чиста “проституција” со највисокиот државотворен акт, Уставот на Македонија, со што ние би останале Република Северна Македонија по сопствена желба за самонегирање, без можности за НАТО и ЕУ интеграции затоа што ветото на Грција би било активно. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.