Ако претседателот на ДИК смета дека цензусот за претседател е тешко дофатлив, прашање е во чија корист би оделе избори кои би биле осудени на пропаст во самиот почеток

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 10:30

Ако на изборите нема цензус, Џафери ќе биде и в.д. претседател на државата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски ја најави можноста претседателските избори кои се условени со цензус, да не успеат, ако се гледа излезеноста на локалните од минатата година.

Во вакво сценарио, функцијата Претседател на државата како вршител на должноста ја презема претседателот на Собранието, кој во случајов е нелегитимно избраниот Талат Џафери, што оди во правец на изјавите дека и Законот за употреба на јазиците и Договорот со Грција ќе бидат објавени во Службен весник на РМ, тогаш кога ќе оцени и тоа со негов потпис / потписи.

После максимумот на последните парламентарни, од околу 1 милион излезени гласачи, што падна веќе на локалните избори, сега постои опасност да не биде постигнат потребниот минимум од 40 проценти односно околу 720 илјади гласови на претседателските избори.

Ова го тврди претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Со оглед на политичките случувања, очекувањата не се оптимистични и можно е да биде тешко. Во следниот период партиите ќе треба да се ангажираат здраво за да ги убедат гласачите во нивните програми. – изјави Деркоски.

Во врска со гласањето на дијаспората, според Деркоски, постои еден организациски проблем пред се. На пример, во 2016 година над 600 илјади евра се потрошени за организирање на гласање надвор, се пријавиле околу 20 илјади луѓе во дијаспората, а гласаа само околу 8 илјади. Парите пак неповратно се потрошени.

Мора да се најде софтверско решение со кое ќе се заштеди и ќе се олесни гласањето надвор, оти меѓу другото тие треба да патуваат и по илјада километри за да стигнат до гласачкото место и да гласаат. – истакна Деркоски.

Инаку според Деркоски најслабата алка во реализацијата на изборите се самите Избирачки одбори, заради што дополнително ДИК ќе реализира нови обуки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести