На прашањето, дали тоа значи дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција, Каракачнов директно одговара: „Се разбира“.Според него Македонија постапува некоректно со Бугарија која како што вели е земја која секогаш помагала.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 10:21

Ако нема напредок за историските прашања, Бугарија ќе ја блокира Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во изјава за ТВ 24 истакна дека доколку не се постигне договор за историските прашања, Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, посочувајќи дека веќе три години од потпишувањето на договорот владата одбегнува решавање на проблемите и решавањето на прашањето за Гоце Делчев.

– Минатата година во ноември месец, пред десет месеци ја стопиравте работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Ние сме го кажале тоа сто пати во последните десет месеци, дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на првата меѓувладина конференција, додека прашањата не бидат исчистени. Тоа е позицијата на Бугарија. И тоа е многу јасно во Скопје, изјави Каракачанов.

На прашањето, дали тоа значи дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција, Каракачнов директно одговара: „Се разбира“.Според него Македонија постапува некоректно со Бугарија која како што вели е земја која секогаш помагала.

– Јас сметам штом имаме договори треба да се почитуваат. Вие се согласивте да го смените знамето, да гo смените името. А со онаа земја која секогаш ѝ помагала на Македонија сметате дека може да постапите некоректно. Во меѓународните односи мора да има реципроцит. И кога Бугарија се однесува џентлменски, се однесува коректно, кога и помага на Македонија, кога беше првата држава што ја призна Македонија, логично е да има реципрочно добро однесување и од другата страна, вели Каракачанов

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.