Пратеникот на владеачката БЕСА, Неџбедин Каремани, со став дека албанците во Македонија се навредени затоа што се нарекуваат етничко малцинство, според него и тие биле нација

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 11:47

Ако уставните измени не поминат, Албанците треба да се прашаат каде им е местото

Фото/Текст извор: ©makfax/магазин.мк

Пратениците од албанските партии од владеачката коалиција почнаа со добро познатите закани, што ако не поминат уставните измени.

Имено пратеникот на крилото од владеачката БЕСА, Неџбедин Каремани од собраниската говорница порача дека Албанците треба да се прашаат каде им е местото доколку не поминат уставните амандмани.

Тој ги замоли сите пратеници да ги поддржат амандманите за иднината на земјата.

Ако уставните амандмани не успеат Албанците треба да се прашаат каде им е местото. – рече Каремани.

Тој додаде дека иако Албанците во државава се дискриминирани оти се нарекуваат малцинство, сепак рече дека за иднината на земјата и нашите деца треба да ги поддржат уставните амандмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.