Најново метео!

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 март, 2021 7:46

АКТУЕЛНА НАЈАВА: ОД ДЕНЕС ПА НАТАМУ НИ СЛЕДУВААТ ПОСТУДЕНИ ДЕНОВИ И УТРА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под влијание на циклонска активност и на влажен и постуден воздушен бран од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ, додека во текот на денот ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 7 до 10 степени.

Кон крајот на денов и во вечерните часови услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во текот на денот ќе започне да дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремени слаби локални врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег. тре сеуште ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...