Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека во моментот има 27 загинати а дека се трага по над 650 повредени. Според податоците на весникот, досега од под урнатините на зградите се извадени приближно 45 преживеани лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 8:46

АЛБАНИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Се зголемува црниот биланс, до сега 35 загинати во земјотресот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанија е завиена во црно а бројката на загинати се искачи на 35 јави синоќа весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци.

Земјотресот кој ја погоди Албанија беше најсилен земјотрес почувстван во земјата во последните 30 години. Блансот од преходнот земјотрес што сто така беше со епцентар во Драч беше повеќе од 100 повредени над 300 домови оштетени

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека во моментот има 27 загинати а дека се трага по над 650 повредени. Според податоците на весникот, досега од под урнатините на зградите се извадени приближно 45 преживеани лица.

Операциите на потрага и спасување се уште се во тек, пренесе БТА.

Страшниот земјотрес кој одзеде многу човечки животи беше  со јачина на ударот од 6,4 степени според Рихтер а најсилно настрадани се реоните на Драч и Тирана.

Вчерашниот ден, 27 ноември, во Албанија беше проглазен за Ден на национална жалост.

Македонија се крена на  нозе и испрати тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата.

На вчерашната седница и Владата донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија, а општина Чаир реши да помогне со 12 илјади евра.

Вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов на социјалните мрежи напиша дека екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија, после силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 20 лица.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.