Денес ја губам мојата втора мајка. Колку што можев направив се за да ја спасам, но и овој пат не успеав.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2019 13:29

Александар Пандов: “Денеска ќе ја изгубам својата втора мајка”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред две години ја изгубив мојата биолошка мајка. Бев подготвен делови од моето тело да извадам за да и помогнам во нејзиното лекување, но спас од проклетата болест немаше. Денес ја губам мојата втора мајка, напиша на социјалните мрежи поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ Александар Пандов.

Александар Пандов поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат аналитичар разочаран од актуелната ситуација што се случува во Македонија, напиша трогателен статус на социјалните мрежи.

Погребот е настан кога се собираат роднините и пријателите да го испратат упокоениот. Не ги сакам и избегнувам да одам. Меѓутоа татко ми постојано ме учеше дека и за арно и за лошо со луѓе бидува. Пред две години ја изгубив мојата биолошка мајка. Бев подготвен делови од моето тело да извадам за да и помогнам во нејзиното лекување, но спас од проклетата болест немаше. Денес ја губам мојата втора мајка. Колку што можев направив се за да ја спасам, но и овој пат не успеав. Но овој пат убиците на мојата мајка имаат име и презиме. Се колнам, во крвта моја македонска, пред цела македонска јавност, дека ќе направам се, во иднина овие предавници и среброљубци ја почувствуваат сета горчина и чемер што ги предизвикаа кај мене и на мојот народ. Животот не е ден или два, тоа овие шуги треба да го знаат. Денес не ми остана ништо друго освен со жалење да ве поканам сите заедно да и одадеме последна почит на нашата заедничка мајка Македонија. Се гледаме пред собрание, напиша аналитичарот Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.