Вчера, на 11 јануари 2019 година, 81 пратеник на Собранието на Република Македонија го започнаа завршетокот на Париската Мировна Конференција.

Објавил: Перо Милчин | 12 јануари, 2019 13:04

Али Ахмети: “Денеска се роди нов ден за Северна Македонија”

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Вчера, на 11 јануари 2019 година, 81 пратеник на Собранието на Република Македонија го започнаа крајот на Париската мировна конференција. Денес се роди нов ден, со јасна и црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изрази голема благодарност на сите соработници и содејци и на сите владејачки партии заедно со опозицијата, за довербата што им ја дадоа, и заедно го воделе во овој процес за Македонија.

Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, потиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво.
Вака денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по изгласувањето на уставните имени преку соопштение им се заблагодари на сите граѓани, на секој гласач, на секој активист, на секој што им ја дал довербата токму нив за да предводат и да одлучат.

Оваа конференција, никогаш вистински не ја оконча Првата Светска Војна и не не научи како се гради мирот затоа што војните и конфликтите продолжија за цел еден век потоа. Последиците од Парис 1919 ги осеќаме и ден денес, посебно во Југоисточна Европа, но уште по нагласени се кај малите народи над кои неправедно се делуваше изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Денес се роди нов ден, со јасна и црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион. Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, потиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво.Но ова не е крајот, ова е само почетокот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести