Денешната дебата на комисијата за Финансирање и буџет го покажа целото лицемерие на пратениците на СДСМ

Објавил: Перо Милчин | 4 ноември, 2018 18:07

Амандманите за студентските домови одбиени во Собранието

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На денешната дебата на комисијата за Финансирање и буџет СДСМ покажа колку се грижат за младите. Иако пред речиси година и пол додека беа во опозиција не пропуштаа прилика да потенцираат дека младите им се фокусот, дека ќе изградат нови студентски домови, ќе ги вратат младите од странство во Македонија тие не само што тоа не го направија туку ништо не прават ни да ги задржат оние кои се овде, истакнаа од опозицијата.

Невенка Стаменковска, пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, поднесе амандман кој се однесува на реконструкција и одржување на студентските домови во вредност од 40 милиони денари, а е експресно одбиен од СДСМ. Зошто и како е одбиен ниту тие немаа одговор. Единствено во нивното образложение е дека нема пари за студентскиот дом “Стив Наумов“ кој е сместен во скопската населба Автокоманда и не може да бидат одобрени поради тоа што, верувале или не, тој студентски дом не постои. Колку за потсетување овој студентски дом беше отворен во 2015-та година со капацитет на сместување од  140 студенти и со вредност на инвестицијата од 130 милиони денари, ама според СДСМ тој не постои.

Во новиот ребаланс на буџетот што го спрема СДСМ не само што не е предвидена никаква изградба на нови студентски домови туку се крати и од постоечките.

Но додека беше СДСМ во опозиција кај итните реформски приоритети пишаа :

,,Во Скопје, кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградиме студентски град. Ова ќе значи повеќе интервенции во просторот, со комплетно нови модерни архитектонски решенија, како и функционални содржини: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри “

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ не само што се реконструираа и градеа студентски домови,се воведоа различни стипендии, а се намали и партиципацијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ  ветувањата и реалноста се сосема две различни работи. Очигледно дека грижата на студените на СДСМ е во втор план, а тоа го докажаа со денешната амандмантска расправа. На овој начин не само што младите дополнително ќе се иселуваат од Македонија туку и тие што се заминати нема никогаш да се вратат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести