Амди ќе прави спектакл: Заев, Шилегов и Џафери на листата на ВИП златни гости на Бајрам.

Објавил: admin@magazin | 27 декември, 2018 16:52

Амди Бајрам за Заев : ” Од зајак во кафез до ВИП гостин во Александар Палас “

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на Ромите, пратеникот Амди Бајрам се подготвува за вистински спектакл по повод јубелејот, 40 години Европски Ромски бал, кој ќе се одржи на 11-ти јануари во хотелот Александар Палас во Скопје.

Амди Бајрам вели дека очекува гости од целиот свет, и посебно бил горд што настанот го дочекал својот јубилеј, кој ќе бил одбележан како што доликувало, во раскошен стил.

-Се уште се работи на организацијата, се мора да биде доведено до совршенство, бидејќи ова е значаен јубилеј, четири децении се во прашање. Европски Ромски бал е настан кој секоја година привлекува значајни гости од целиот свет. Ќе имаме богато ВИП Голд (златно) мени, со печени јагниња, разни италијански специјалитети, квалитетни алкохолни пијалоци од познати брендови… Ќе се одржи и избор на Мис Европска Ромка, следуваат многу награди и изненадувања – изјави  Бајрам.

Оваа година Амди Бајрам планира да направи некое слично изненадување, вели дека нема да ги открие деталите, со цел за време на настанот да им биде позабавно на гостите. Нема уште информација кој ќе биде кум на балот годинава. Во минатото тоа беше Сашо Мијалков, но пред две години Амди го раскина кумството.

Претходната  година на балот Амди Бајрам се појави облечен како султан Сулејман, и имаше интересна сценографија со многу блескави детали и статисти околу него. 
-За добра забава на пристуните ќе бидат задолжени околу 20 познати музички ѕвезди. Како главен гостин е популарниот грчки пејач Зафирис Мелас, ни доаѓаат бендови од многу земји, има да се слави цела ноќ. Драган Којиќ – Кеба, Џамбо Агушев, Мухарем Сербезовски, Џеј Рамадановски, Џемаил Гаши, Сефер Османов, Мануел, Јулија Бикова, Ерџан Амети, оркестрите Фејсбук, Насер Струја, Титаник и Азис група се само дел од многуте музички гости. Кумот дополнително ќе го откриеме – вели лидерот на Сојузот на Ромите, кој традиционално е организатор на настанот.

Амди Бајрам додава дека испратил многу покани до многу политичари, односно до политичкиот врв и до 15 амбасадори.

Амди ќе прави спектакл: Заев, Шилегов и Џафери на листата на ВИП златни гости на Бајрам!

-Секоја година имаме ВИП гости од политиката. На јубилејот поканети се дури 15 амбасадори, премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, градоначалникот Петре Шилегов, повеќе министри

Се надевам дека ќе ми направат чест и ќе ми бидат гости на овој значаен настан за целата Ромска заедница. Ова е само кратка најава за она што допрва ќе следи. Се работи за голема организација, се средуваат сите поединости, Европскиот Ромски бал е традиција која има голема важност и на гостите ќе им понуди едно незаборавно доживување – ни изјави пратеникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.