Лидерот на Сојузот на Ромите убеден во победата на претседателските избори

Објавил: Узунов Бобан | 7 февруари, 2019 7:59

Амди Бајрам: И на тие што им покажав среден прст ќе гласаат за мене (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Амди Бајрам oд Сојузот на Ромите, кој ќе се кандидара за претседател на државата, вечерва во интервју за ТВ 24 изјави дека е сериозен во намерата да се трка за оваа функција.

Целта ми е да го обединам народот за подобра иднина. Гледате што се случува во Република Македонија, до што сме дојдени и треба едно обединување, вели Бајрам.

Бајрам за оној гест кога покажува среден прст на луѓето собрани пред Собрание, вели дека тие луѓе ќе гласаат за него, додавајќи дека тоа била тешка ситуација. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести