Интервју со Андријана Јаневска, доцент на Факултетот за музичка уметност

Објавил: admin@magazin | 23 јуни, 2018 11:18

Андријана Јаневска: Од старт ни се потсечени крилјата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во изминатите години активно работите како професор по пеење на Факултетот за музичка уметност. Колкав е интересот од младите пејачи да студираат пеење и дали може да се надеваме на нови квалитетни имиња на нашата сцена?

Интересот е огромен, но сепак пресуден е квалитетот. За кратко време со останатите професори од одделот за популарни жанрови успеавме да направиме светска програма, по терк на најпознатите факултети за музика во светот. Целта не е само да бидат добри пејачи, гитаристи или басисти, туку да навлезат во секоја пора на музиката и да станат комплетни, писмени музичари.

 

Се чини дека имаме константен недостаток на нови песни и спотови. На што мислите дека се должи (ако може да се нарече) кризата на македонската сцена и како може да се надмине оваа состојба?

Да биде иронијата поголема, во ‘90тите години, кога се’ уште немавме толку добро развиена музичка продукција како денес, имаше експанзија на музички хитови, спотови, фестивали. На сите радија се слушаа македонски песни, во дискотеките гостуваа македонски пејачи, на телевизиите пуштаа спотови од македонски изведувачи. Зошто денес има криза? Лесно е да се одговори. Пуштете неколку радија и телевизии и слушнете/видете колку македонски песни се пуштаат, колку топ-листи има, колку музички емисии има. Можеби и има, ама не за македонските пејачи.

 

Голем дел од нашите таленти бараат успех во странските телевизиски шоуа. Сметате ли дека токму во тие емисии е иднината на успесите на овие млади таленти?

Ги разбирам младите и ги поддржувам. Што би правеле инаку?! Каде да ги пласираат своите песни? Одговорот е сличен како на претходното прашање.

 

Политичката нестабилност во државата влијае врз многу области и дејности. Како влијае константната политичка криза во изминатите години врз работата на уметниците и естрадните работници?

Јаневска: Можеме да се носиме рамо до рамо со светските уметници и спортисти

Секако дека негативно влијае, затоа што постојано сме под некаков стрес. Еве прост пример: одиме на натпревар некаде во странство (музичари, спортисти, сеедно). Еден Италијан, Германец или Француз е сместен во луксузен хотел, со придружба од доктори, професори и цел тим зад него. Тој е должен да мисли само на настапот. Да не зборуваме за условите во кои вежбал и се подготвувал за натпреварот. Еден Македонец едвај собира пари за котизација, бара начини да се смести барем на 30 км од местото на натпреварот, неретко се сместува кај роднини и пријатели, оди до сала со градски автобус или метро, а понекогаш и пеш. Верувајте, кога ќе дојде време за настап, ние сме уморни од сите пропратни работи! И затоа, кога некој Македонец ќе биде на врвот во некој спорт или музички натпревар, треба сите да се радуваме! Убедена сум можеме да се носиме рамо до рамо со светските уметници и спортисти, но едноставно уште од старт ни се потсечени крилјата.

 

Чувствувате ли некаков „молк“ меѓу јавните личности за актуелните случувања во државата и на што мислите дека се должи тоа?

Мислам дека се должи на некаков страв, барем такво чувство имам. За жал, сите овие години не научивме вистински да ги вреднуваме нештата. За ѓубрето во нашиот двор не ни е никој виновен. Мораме да почнеме да работиме на себеси, ако сакаме да бидеме подобри. За почеток, доволно е да почнеме да ја чуваме животната средина и да се одучиме од праксата да фаќаме врски.

 

Сметате ли дека „Северна Македонија“ е ферско решение за името на нашата држава? Кој е Вашиот став?

Нема ферско решение за нешто што е наметнато. Поентата е дека народот никогаш не побарал промена на името, а ова што ни се случува го правиме под присила. Грција да ни кажува како ќе го употребуваме името Македонија, таа да ни ги цензурира учебниците, да ни кажува кои знамиња смеат да се веат… И најстрашното, ударот врз македонското малцинство. И покрај нашиот мирољубив карактер и добра воља, на барањата им нема крај! Да не е малку превисока цената? Бугарија е долги години во НАТО и ЕУ, па се’ уште имаат помали плати и пензии од нас. Повторно се вртиме во тој магичен круг. Јасно ми е дека сме беспомошни, сами и уморни од долгогодишни уцени и блокади, но доколку сакаме вистински промени, тие треба да започнат од нас самите! Можеме да ја направиме Македонија прекрасна ако вистински ја сакаме!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...