Пред изборите Шеќеринска збореше дека ќе го вратат угледот на Собранието, но како што тргнала нејзината влада, секој ден е обратно од ветеното

Објавил: Данаил Михајловски | 26 декември, 2018 17:14

Анета ја избрука Шеќеринска

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеничката Анета Симеска – Димоска (од Македонски Брод) ги изрезили за сите пари предизборните ветувања на Шеќеринска за независност на Собранието. Имено, за третиот по ред поднесен предлог-закон за антикорупциската комисија, иако било договорено да изгледа дека е иницијатива на група пратеници на СДСМ, таа призна дека законот им го спремиле и им го дале од Владата.

Првин владата по сегашниот закон за антикорупциска комисија распиша оглас за избор на членови на комисијата. Потоа, откако следуваа критики дека на власта не и се брза со функционалноста на оваа комисија, владата до собранието поднесе нов предлог закон. Истиот беше поднесен во редовна процедура, а самото каснење на владата значеше дека овој закон нема да помине во Јануари, а со тоа нема ниту да има антикорупциска комисија за време на претедателските избори во 2019-та. Неколку амбасадори на ЕУ му ја пренеле својата загриженост на премиерот Заев за ваквата лежерност во борбата против корупцијата и рекле дека не се сигурни дека Македонија ќе добие датум за преговори, доколку се продолжи неефикасно. Тогаш власта се сетила. Заев, Дескоска и Османи решиле да го известат Собранието дека го повлекуваат предложениот владин закон за антикорупциска комисија, а им дале налог на пратениците да поднесат нов закон по скратена постапка, за да се усвои набрзина, пред Нова Година. 

Неискусната пратеничка Анета Симеска Димоска во две минути обраќање пред Собранието “поплука“ на сите предизборни ветувања дадени од Радмила Шеќеринска. Самата стана предмет на потсмев кај колегите дека не умее барем да одглуми дека еден закон на кој се потпишала како предлагач, дека е предлог закон на пратениците, а не на владата. Тоа значи дека пратениците на СДСМ остануваат да бидат само послушна гласачка машина на власта, која што им ги пишува дури и говорите што треба да ги прочитаат.

За доброволци дека ќе подготват нов закон за антикорупција се јавиле пратениците од СДСМ, Анета Симеска Димоска, Сашко Костов, Јагода Шахпаска и Снежана Калеска Ванчева, како и Артан Груби од ДУИ. Паричката да го промовира новиот предлог-закон за анти-корупциска комисија пред пратениците и се падна на неискусната и збунета пратеничка Анета Симеска Димоска. Таа денес зеде збор, зеде ливче на кое најверојатно и го напишале и говорот и на пратениците им објасни дека “законот за корупција беше изготвен во еден инклузивен процес во министерството за правда, а бидејќи роковите пред изборите се кратки, го предлагаме по скратена постапка“. Појасно признание од ова дека предлог-законите потпишани од пратениците на СДСМ и ДУИ им ги пишуваат во владата, не можеше да се добие.

Пред изборите во 2016-та година, Шеќеринска одржа прес конференција токму пред Собранието и кажа дека СДСМ како власт ќе гарантира поголема одговорност на пратениците и ќе се спречи претворање на Собранието во гласачка машина за потребите на власта. “Имаме план во којшто јасно стои дека скратените процедури за носење на закони во Собранието се лоши процедури. Затоа ќе ја ограничиме употребата на оваа скратена постапка, и ќе ја направиме исклучок наместо правило. Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме, силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно Собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт.“ 

Со својот краток говор, релативно непознатата пратеничка од СДСМ, Анета Симеска Димоска, го потврди токму спротивното, дека пратениците на власта остануваа само гласачка машинерија, без свој интегритет, но за малку лични придобивки се расположени да гласаат и да читаат се што ќе им сервира владата и министерствата, а дека предизборните ветувања на Шеќеринска биле само празни зборови. И покрај се, редно е оваа пратеничка Анета да добие мала благодарност што несакајќи ги разобличи предизборните лаги на Радмила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.