Апасиев: Рашковски лаже за вториот докторат

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 11:23

Апасиев бара оставка од Рашковски поради лагата за докторатот

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Членот на президиумот на партијата Левица, професорот Димитар Апасиев во јавна објава тврди дали генералниот секретар на Владата Рашковски лажел за вториот докторат.

Драги Рашковски, кој на функцијата Генерален секретар на Владата беше избран на 5 јуни 2017, ја излажал јавноста дека поседува ДВА ДОКТОРАТА и овој лажен податок го пласирал во своето официјално CV, кое сè уште стои на владиниот сајт.

Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!?

Според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години.

Но, нашиот ГенСек уште лани побрзал да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако НИКОГАШ – ни до денешен ден – го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот!, вели тој во својата об јава на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија