АРМ овозможување непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП "Криволак"

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 август, 2018 12:56

Армијата на САД со воени вежби на “Криволак”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска до 20 август на Армискиот полигон “Криволак” ќе се одржуваат вежбовни активности на припадниците на вооружените сили на САД кои во претстојните денови во присуство на набљудувачи од страна на Армијата на Република Македонија ќе изведуваат повеќе видови на гаѓања.

Од Министерството за одбрана соопштија дека во првите пет дена припадници на вооружените сили на САД со два хеликоптери од типот “Блек Хок” кои пристигнале денеска ќе изведуваат обука и гаѓање со воздухопловни оружја и истите ќе заминат по извршените гаѓања.

Во останатиот период припадниците на вооружените сили на САД ќе реализираат гаѓања со користење на пешадиско оружје од мал калибар – против тенковско оружје и друго пешадиско оружје како и квалификација за автоматската пушка М240Н која се користи во повеќето армии на земјите – членки на НАТО.

Неодамна АП Криволак беше сертифициран од страна на 7-мата команда за обука на копнените сили на САД за можноста за користење на полигонот и од страна на воздухопловни единици на воените сили на САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести