Порталот инфомах.мк ја отвора "Пандорината" кутија, за сомнежите дека СДСМ и ДУИ организираат шверц со цигари од Македонија, преку Бугарија се до Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 14:21

Атина преку Ново Село, новата шема за шверц со цигари на СДСМ и ДУИ

Фото/Текст извор: ©инфомах.мк

Јавноста беше сведок на полициска акција во која криминална група бегајќи и пукајќи кон граничната полиција кај Ново Село беше уапсена со поголема количина на шверцувани цигари од Бугарија.

Меѓу нив како организатор стоеше градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев и неговото семејство, кој доаѓа од редовите на СДСМ.

Шверцот со цигари и нивно препакување во Македонија беше честа вест во македонските медиуми во 90-тите за време на ембаргото врз СР Југославија како и во периодот кога кумановецот Бајруш Сејдиу го купи тутунскиот комбинат во Куманово. Ембаргото врз бившата држава заврши, Сејдиу беше уапсен и осуден но сепак шверцот со цигари за познавачите на криминалните прилики во Македонија повторно е актуелен.

Моментално во Македонија постои разработена криминална шема за шверц на бугарски цигари која делува со одобрение на највисоките претставници на владата предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски и нивни соработници во МВР, Граничната Полиција и Царинската Управа.

Камиони со бугарски ознаки, полни со пакувани боксови со цигари од најразлични марки пристигаат од Бугарија на граничниот премин Златарево – Ново Село и преку граничниот премин Дојран – Дојрани заминуваат кон Грција.

За некого ова е нелогично со оглед на тоа дека Бугарија и Грција се соседни земји и членки на ЕУ кои на 37 километри од Златарево се наоѓа најголемиот граничен премин меѓу овие две земји Кулата-Промахонас.

Но, невлегувањето на Бугарија во Шенген системот во рамки на ЕУ, развиената мрежа на реекспорт на шверцувани цигари произведени надвор од Бугарија, илегалното производство на брендирани марки на цигари во рамки на Бугарија, притисокот од ЕУ, како и разликата во цените на цигарите во Бугарија со таа во Грција се главните причини поради кои шверцот е дивертиран преку македонска територија.

Во 2017 угледната ревизорска куќа КПМГ ја смести Бугарија во топ 10 ЕУ земји со најголеми продажби на илегални цигари односно над 980 милиони илегални цигари годишно се продаваат во таа земја додека пак 20% од целокупниот пазар на цигари во Грција, односно 3 милијарди цигари, го сочинуваат илегалните или шверцуваните цигари во земја во која 27% од 10 милионското население се активни пушачи.

Речиси за два до два и пол пати цената на цигарите во Грција, споредена со Бугарија е поголема, поради наметнатите големи давачки за грчките граѓани по воведувањето на мерките за штедење пред неколку години. Во Атина во трафика една кутија Малборо чини 4.3 евра додека пак во Софија истата чини 2.6 евра.

По пристигањето на бугарските камиони на македонска територија во рок од 24 до 48 часа се прави лажна документација за реекспорт на стока произведена од Македонија кон Грција и на тој начин се маскира вистинскиот товар кој го носат бугарските камиони. Инволвираните лица од царинската испостава се задолжени за неопходните документи додека пак поранешни началници на граничната полиција, а сега ангажирани како најблиски соработници во кабинетот на Спасовски, се грижат за безбеден и брз транспорт на камионите од Ново Село до Дојран.

Минималната сума која и се исплаќа на власта за непречен транспорт на 2 до 3 вакви камиони на неделно ниво изнесува 50.000 евра или 2.5 милиони евра црни пари годишно за 100 до 120 пропуштени камиони. За целата бизнис шема се свесни сите раководни цариници и гранични полицајци кои се на овие две гранични премини како и нивните надредени лица но поради страв, нивна инволвираност или премолчена согласност истите да се занимаваат со свои сопствени криминални шеми ги прави сите слепи и глуви за овој црн бизнис.

Колку е голем овој проблем на регионално и на континентално ниво говори фактот што за време на претседавањето со ЕУ бугарскиот премиер Борисов на ден пред одлуката на ЕК ги презентираше резултатите од борбата против шверцот со цигарите но не успеа да ги подигне блокадите за влез во Шенген од земји како Холандија кои меѓудругото го напоменаа овој проблем како сеуште широко распространет

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.