Во својот говор, кандидатот за премиер од ДУИ, Насер Зибери посочи дека цврсто стои на ставот дека сега е вистинско време за потполна рамноправност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 20:11

Ахмети за Зибери: Тој ги поседува сите квалитети за да биде премиер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, денеска истакна дека кандидатот за премиер од нивната партија, Насер Зибери ги поседува сите квалитети за да ја води извршната власт во државата, доколку победи на изборите закажани за 15 јули.

Насер Зибери завршил Правен факултет. Зибери работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“.Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.
На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонијаза соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.
Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.
По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.

“По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едно-етничка рамка во Северна Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност„ истакна Ахмети.

Во својот говор, кандидатот за премеиер од ДУИ, Насер Зибери посочи дека цврсто стои на ставот дека сега е вистинско време за потполна рамноправност.

“Ме изненади повикот на г.Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат. Искрено се иненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но истотака е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко време за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА„ истакна Насер Зибери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.