Руското здравство одлучи!

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 декември, 2020 9:27

БЕЗ КОНЗУМИРАЊЕ АЛКОХОЛ И ЦИГАРИ ДВА МЕСЕЦИ: Ова мора да го испочитуваат сите што ќе ја примат руска вакцина за коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оние кои ја примаат руската вакцина Спутник V против вирусот корона, мораат да се воздржат од алкохол два месеци, изјави шефот на руската служба за заштита и надзор на потрошувачите, Ана Попова.

„Конзумирањето алкохол мора да престане најмалку две недели пред имунизацијата, а оние кои ја примаат првата доза мора да се воздржат од алкохол во наредните 42 дена“, рече Попова за Радио Космолскаја во вторникот.

Попова ги советуваше граѓаните да не пушат пред и по вакцинацијата, предупредувајќи дека чадот од тутун ги иритира белите дробови и го намалува имунолошкиот одговор.

Според „Москва тајмс“ по предупредувањето на Попова, Александар Гинсберг, шеф на државниот истражувачки центар „Гамалеја“, што го разви Спутник В. Гинсберг рече дека, иако не треба да се консумира алкохол пред или по вакцинирањето, „една чаша шампањ никогаш не му штетила на некого“!

Кампањата за вакцинација на Русија започна викендов во Москва, а досега според проценките, околу 100 000 Руси го примиле Спутник V, вклучително учесници на тестот и припадници на армијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести